• Горан Упале
Борац Бања Лука се обидува избори европската есен, а по завршувањето на ждрепката за последната фаза од квалификациите за Лига Европа, претстави уште едно засилување, кое ќе биде директна конкуренција на македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски. Филип Манојловиќ е нов член на шампионот на Босна и Херцеговина.
„За бедем пред гол, Филип Манојловиќ пристигна во нашиот табор“, објави Борац.
Станува збор за голман кој изминатите три години ги мина во Спартак Суботица. Тој е дете на Црвена Звезда, а играше и за Сопот, Бежанија, Бачка, Хетафе, Паниониос и УД Санса.
Во јануари 2017 година настапи за сениорската селекција на Србија и тоа е негов единствен настап во националниот тим досега.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.