• Сашо Поповски
Трансферот на Леонардо Бонучи во Милан е изненадувањето во летниот трансфер период, а истиот се случи поради наводни расправии на италијанскиот дефанзивец со неколку соиграчи за време на финалето од Лигата на шампионите.
Доаѓањето во Милано веќе предизвика проблеми за тимот, бидејќи при потпишувањето на договорот, ветен му беше бројот 19 и капитенската трака. Сепак, бројот веќе е зафатен и се наоѓа на грбот на Френк Кеси, кој го носи во чест на својот покоен татко.
Проблемот беше предизвикан на вчерашниот пријателски меч на кој Кеси полуде, откако виде дека на неговиот дрес стои бројот 14. Останува да видиме како „росонерите“ ќе го решат овој проблем пред стартот на сезоната.
Ситуацијата потсетува на 2007 година, кога Роналдо ја посакуваше „деветката“, но таа во тој период стоеше на грбот на Филипо Инзаги.