ВИДЕО: Бонучи се туркаше со секретарот на Интер, го очекува висока казна

Бонучи

Интер му зададе тежок удар на Јувентус и во последната минута, со погодокот на Алексис Санчез, ја освои титулата во Суперкупот на Италија.

Големата радост предизвика мала мешаница покрај аут-линијата. Леонардо Бонучи влезе во конфликт со Кристијано Моцило, секретарот на „нераѕурите“.

Дефанзивецот на „бјанконерите“ беше забележан како физички го напаѓа Моцило и потоа го навредува, поради бурната реакција по победничкиот погодок на крајот од второто продолжение.

Моментот влезе во бележникот на главниот судија, што значи дека Бонучи би можел да добие драконска казна за ова неспортско однесување.