• Зоран Мишевски

Мароканскиот голман Јасин Боно вечерва го одигра последниот натпревар во дресот на Севиља. Тој не успеа добриот настап во финалето на Суперкупот во Атина да го зачини со трофеј, откако по изведување на пенали се радуваа Англичаните.
Шпанските медиуми објавија дека Ал-Хилал и Севиља постигнале договор и за 19 милиони евра Боно ќе стане соиграч на Нејмар, Милинковиќ-Савиќ, Рубен Невеш, Кулибали... Трансферот треба да стане официјален деновиве.
Севиља ја пронајде замената во Турција. Последните преговори се во тек и Чакир, голманот на Трабзонспор, треба да пристигне на „Рамон Санчез Писхуан“. Тренерот Мендилибар ќе може да се потпре и на Дмитровиќ, голманот кој вечерва седеше на клупата за резерви, а кој пред една сезона дојде во Севиља од Еибар.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.