„Бомбонера“ го расплака Кавани: „Како дете сонував да бидам тука“

Аргентинскиот гигант Бока Јуниорс на својот стадион „Бомбонера“ во Буенос Аирес пред десетици илјади фанови го претстави новото засилување Единсон Кавани.

Уругвајскиот напаѓач треба да биде големо засилување за аргентинскиот гигант во борбата за Копа Либертадорес и аргентинскиот шампионат, а пречекот што го доби на култниот стадион го расплака.

Кавани го носеше дресот со број десет, кој некогаш беше единствениот број на Диего Марадона.

„Ова е голема емоција. Кога имав 12 години, бев таму каде што сте сега вие и почувствував желба да бидам тука каде што сум сега“, им порача Кавани на навивачите и додаде: „По толку многу години во кои фудбалот ми даде по малку од сè, сега сум тука сум и уживам со моето семејство“.

Кавани во последниот период се бореше со неколку незгодни повреди. За Валенсија одигра само 28 натпревари и постигна седум гола. Тој со Бока потпиша договор на 18 месеци.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.