ВИДЕО: „Бомби“ на Мартинез и Запата, Колумбија ја продолжи аргентинската агонија

Аргентина ја продолжи негативната серија на големите приредби и откако победи само на еден натпревар на ланскиот Мундијал во Русија, со пораз стартуваше и на Копа Америка во Бразил. Во рамките на групата Б, во Салвадор „гаучосите“ загубија од Колумбија на новиот селектор Карлос Кеироз со 0-2 (0-0). 

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот започна многу лошо по Колумбијците, бидејќи по само неколку минути се повреди Луис Муриел и на негово место во игра влезе Роџер Мартинез. Малку недостигаше и голманот Оспина сам да се повреди при еден лет да стигне до топката пред Агуеро, но го продолжи доигра натпреварот.

Цело прво полувреме мина без рели шанси, со силно темпо и многу трчање. Колумбија беше поблиску до водство, но Квадрадо и Мартинез не го искористија киксот на голманот Армани.

Вториот дел беше далеку подинамичен. Почна со прунудна замена на Скалони, кој го внесе Де Пол на местото на повредениот Ди Марија. Со удари од далечина на Паредес и Ло Селсо, „гаучосите“ беа поблиску до водство. По еден час игра голема шанса пропушти Меси, кој со глава од неколку метри биеше крај дирекот, откако претходно Оспина го одбрани ударот на Отаменди.

Казната стигна во 71. минута кога Роџер Мартинез го мина Саравиа по левата страна, биеше прецизно по дијагонала и топката ефектно отседна во мрежата на Франко Армани (0-1).

Скалони го внесе Матијас Суарез на местото на Агуеро, но замената на Кеироз го затвори натпреварот. Дуван Запата од Аталанта во еден од првите контакти со топката го искористи додавањето на Лерма од левата страна и ја закова топката во аргентинскиот гол (0-2).

Во вториот натпревар од првото коло во групата Б, утревечер се среќаваат Парагвај и Катар.