„Бомбата“ пред активација: Нејмар и Реал ја кројат иднината во Париз

Претставници на Реал Мадрид се во Париз каде дискутираат со Нејмар околу неговата иднина и трансферот во редовите на „кралскиот клуб“, пишува реномираниот шпански весник „Марка“.

Популарните „Лос Бланкос“ притискаат за трансфер на Бразилецот веќе подолго време и во него гледаат нов „Галактико“. Двете страни водат преговори и формираат понуда која би била соодветна за ПСЖ да ја пушти својата ѕвезда да се пресели во Мадрид.

ПСЖ претходно одби 100 милиони евра и тројца фудбалери, но сега, планот е друг. На „светците“ им е потребен голман и би можел во понудата да биде вклучен само Кејлор Навас, а на спротивната страна да се зголеми финансиската понуда.

За Нејмар е заинтересирана и неговата поранешна екипа Барселона, но тимот од Каталонија не е подготвен по секоја цена да инсистира за трансфер на Бразилецот.

До крајот на преодниот рок има уште 11 дена, па сигурно дотогаш ќе биде позната судбината на супер-ѕвездата која сака да си замине од „градот на светлината“: