ВИДЕО: „Бомбата“ на Ристовски е гол на месецот во Хрватска

Стефан Ристовски е еден од главните играчи на Динамо Загреб оваа сезона, веќе постигна два гола, а оној против Шибеник ја доби наградата за најдобар на месецот во Хрватска.

Се играше шестата минута кога на асистенција на Бруно Петковиќ, Македонецот упати проектил во меѓуножјето на немоќниот Антони Ѓаковиќ, кој само со парада го разубави голот.

Имаше пет кандидати за гол на месецот, а голот на Марко Пашалиќ против Истра заврши на второто место зад Ристовски.