• Саше Љолес
Шампионот на Норвешка, Бодо Глимт, се избори за одличен резултат на првиот натпревар во Лигата на шампионите и ремизираше во Чешка кај Славија Прага (2-2), а голот за израмнување на резултатот беше навистина неверојатен.
Играчот од средниот ред, Сондре Фет, во 90. минута налета на една одбиена топка и го матираше домашниот голман во стилот на Зинедин Зидан, носејќи му на својот тим еден освоен бод на отворањето на елитниот ранг на УЕФА.
Бодо покажа дека нема да биде лесен противник за ривалите и уште еднаш најави светли денови за своите навивачи.



