• Мартин Танасковски

Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ги заврши натпреварите со дуелот меѓу Арсими и Пелистер. Мечот заврши 3-3, а вистински евро-гол постигна Шпенд Асани.
Играчот на Арсими во вториот дел влезе од клупата и реализира. Офанзивецот прими една топка пред шеснаесетникот, си создаде простор и испрати вистинска бомба во мрежата на Јовчевски кој бранеше одлично.
Овој погодок на Асани ќе конкурира за еден од најубавите оваа сезона во Првата лига.

