„Бомба“ во северна Србија: Тодороски го засили ТСЦ, Спартак ќе добие обештетување

Уште еден македонски фудбалер го промени клубот во Србија. Андреј Тодороски не е повеќе член на Спартак Суботица и кариерата ќе ја продолжи во таборот на ТСЦ Бачка Топола.

За овој трансфер се шпекулираше од почетокот на зимскиот преоден рок. Тодороски беше голема желба на ТСЦ, но преговорите со Спартак не одеа лесно.

Напаѓачот на Суботица имаше понуди и од Русија и Украина, но конечната одлука падна токму на крајот од зимскиот преоден рок. Спартак и ТСЦ Бачка Топола се договорија, Тодороски оди во Бачка Топола за трансфер вреден 450.000 евра и 20% од следната продажба.

Тодоровски својата фудбалска кариера ја градеше во австриските Виена, Виенер и АКА Рапид, а забележа и настапи за неколку младински селекции на Македонија.