• Горан Упале
Францускиот стопер Курт Зума има нов клуб, откако потпиша за Клуж, објави клубот од Романија. Искусниот дефанзивец потпиша двегодишен договор со Романците, со опција за продолжување на уште една сезона.
Тој пристигнува во Клуж како слободен агент, откако се раздели со Вест Хем ова лето. Може да се каже дека ова е еден од најголемите трансфери во оваа земја во последните години.
Со овој потег, Клуж јасно испрати порака дека сака да се вратат на тронот на домашната сцена, но и да има забележителен настап во Европа. Во текот на својата кариера, Зума ги носеше дресовите на Евертон, Стоук, Сент Етјен и Челзи.




