„Бомба“ во најава: Левандовски зборува за заминување од Баерн!

Левандовски

Роберт Левандовски вели дека се чувствува добро во Баерн Минхен, но нема да има ништо против да научи друг јазик и да се запознае со друга култура.

Неодамна поласкиот голгетер сруши апсолутен рекорд на Герд Милер во Бундеслигата. Тоа беше врв на сите успеси кои ги постигна во германскиот гигант, па сега како да размислува да ја промени играчката средина. 32-годишникот игра во Минхен седум години. Неколку екипи будно ја следат неговата ситуација и се подготвени да реагираат ако тој одлучи дека му е потребна промена.

ПСЖ и Реал Мадрид се најсериозни кандидати за потписот на еден од најдобрите голгетери на денешницата. Неговиот агент не ја крие желбата да направи уште еден голем трансфер во кариерата на Полјакот.

Договорот на Левандовски со Баерн завршува во летото 2023 година.