„Бомба“ во Истанбул: Леандро Тросард потпиша за Бешикташ!

Белгискиот репрезентативец Леандро Тросард и официјално стави крај на престојот во Арсенал и ќе биде нов фудбалер на Бешикташ. Турскиот гигант потврди дека е постигнат договор за негов постојан трансфер, без да ја открие вредноста на зделката.

Тросард пристигна во Лондон во јануари 2023 година од Брајтон, а во изминатите три и пол сезони се наметна како еден од поважните играчи во составот на Арсенал. Тој даде значаен придонес во шампионската сезона на „топчиите“, нивна прва титула во Премиер лигата по повеќе од две децении, постигнувајќи шест голови во првенството.

Бешикташ го претстави новото засилување со видео на социјалните мрежи, на кое Тросард позира во црно-белиот дрес на клубот и ја изведува својата препознатлива прослава по постигнат гол.

Белгиецот беше дел од стартниот состав на Арсенал во финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ кон крајот на мај. За репрезентацијата на Белгија настапи на сите шест натпревари на Светското првенство, каде што неговата селекција стигна до четвртфиналето.