• Саше Љолес
Трофејниот шпански стручњак, Рафаел Бенитез, треба да го преземе кормилото на грчкиот тим Панатинаикос во наредните денови, додека се дефинираат деталите за идната соработка.
Грчките медиуми на големо пишуваат дека договорот е близу и Бенитез наскоро ќе стане тренер на „детелинките“ од Атина, кои не ја започнаа сезоната според очекуваното. По пет одиграни кола, ПАО има учинок од две победи, две ремија и еден пораз.
Бенитез е еден од најтрофејните светски тренери и важи за одличен фудбалски стратег. Последен ангажман му беше во Селта Виго, а претходно предводеше многу клубови, меѓу кои се Евертон, Интер, Реал Мадрид, Челзи, Ливерпул, Наполи и Њукасл Јунајтед.

