„Бомба“ од Загреб: Аријан Адеми ја напушта Кина и се враќа во Динамо?

Динамо Загреб доби нов тренер. Официјално кормилото го презема доскорешниот предводник на Ријека, Сергеј Јакировиќ. Тој беше претставен на прес-конференција и најави многу интересни нешта за навивачите на „модрите“. 

Покрај неговата одмереност, одлучност и голем оптимизам, Јакировиќ најави и една сензационална вест за фановите на Динамо. Клубот официјално доставил понуда за враќање на Аријан Адеми во Загреб

Оваа информација ја потврдија и од управата на загрепчани, иако трансферот веројатно нема да биде лесен за комплетирање. Постојат неколку пречки, но доколку истите се надминат, голема е можноста долгогодишниот капитен на Динамо да се врати во својот омилен клуб. Хрватските медиуми го оценија овој потег како одличен и се надеваат дека популарниот „Аки“ наскоро повторно ќе го предводи тимот кон нови успеси. 

Навивачите се пресреќни од овие најави и сметаат дека со Адеми во тимот, Динамо ќе биде уште поцврст и ќе ја врати свежината на средината од теренот. Македонскиот репрезентативец е жива легенда на загрепскиот тим и за „модрите“ настапи на 230 натпревари. Тој неколку сезони беше капитен на тимот и прерасна во еден од најпочитуваните фудбалери во славниот хрватски клуб. 

Динамо Загреб исто така најави уште едно засилување за офанзивата. Се работи за напаѓачот на Осијек, Аргентинецот Рамон Миерез, за кој биле побарани пет милиони евра. Доколку двете управи се договорат околу отштетата, тој наскоро би можел да се пресели во главниот град на Хрватска и да настапува во евро-куповите на УЕФА. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.