„Бомба“ од Србија: Пикси си поднесува оставка, италијанска легенда негов наследник!

Србите наскоро би можеле да останат без селектор, бидејќи Драган Стојковиќ има намера да прифати профитабилна понуда од Азија. Пикси ја води Србија од 2021 година и успеа да ја однесе на Светското првенство во 2022 година и на Европското првенство во 2024 година, но Србија не успеваше да ја помине групата.

Ако Пикси замине од националниот тим, изборот најверојатно ќе падне на искусниот Маурицио Сари, кој веќе имал контакти со српската федерација и изразил желба за преземање на „орлите“. Стојковиќ има богата понуда од една азиска селекција и тој може истата да ја прифати, што значи дека ќе му биде раскинат договорот со Србија, кој важеше до крајот на 2026 година. 

Ако Пикси замине на азискиот континент, Сари веднаш би пристигнал во Белград и би го презел тимот кој ќе игра во баражот за опстанок во А сегментот од Лигата на нации, каде за противник ќе ја има незгодната Австрија. 

Маурицио Сари досега не беше селектор на ниту една репрезентација, а на клупски план со голем успех ги предводеше Емполи, Наполи, Челзи, Јувентус, Лацио и уште неколку италијански тимови.