„Бомба“ од Мадрид: Рамос не гарантира дека ќе продолжи во Реал!

Рамос

Познатата шпанска емисија „El Chiringuito“ вчера ја шокира тамошната јавност со информацијата дека Серхио Рамос се двоуми дали да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид.

Досега сите понуди кои пристигнале до „кралевите“ добиле негативен одговор, но ова лето Шпанецот би можел да се премисли. ПСЖ и Манчестер Јунајтед прашале за неговата ситуација и се подготвени да се борат за потписот на еден од најдобрите дефанзивци на денешницата.

Нешто предизвикало промена во размислувањето на 33-годишникот кој самиот не потврди дека има вистина во овие шпекулации. Тоа не е потврдено ниту од неговиот агенти, или пак, блиските членови на семејството.

Тензијата наводно започнала по поразот од Ајакс во Лигата на шампионите на домашен терен. 

Рамос ги пропушти последните седум меча поради повреда, а се очекува да се најде во репрезентацијата на Луис Енрике во наредните неколку дена.