• Горан Упале
Александар Коларов наскоро би можел да го напушти Интер и да се врати во Србија за да го преземе кормилото на Црвена Звезда.
Според „Калчомеркато“, Црвена Звезда е сериозно заинтересирана за поранешниот српски репрезентативец и сегашен помошник на Кристијан Киву како можен наследник на тренерот Владан Милојевиќ.
Милојевиќ е еден од главните кандидати за нов селектор на српската репрезентација, откако Фудбалската асоцијација го отпушти Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Белград.
Доколку Милојевиќ ја преземе репрезентацијата уште во јануари, Коларов би можел да го наследи на клупата на Црвена Звезда и со тоа да ја започне својата прва самостојна тренерска кариера - и тоа во најтрофејниот клуб во својата земја.
Црвена Звезда моментално е на врвот на табелата во Суперлигата со два бода предност пред Партизан, но и натпревар помалку. Коларов ја напушти младинската репрезентација на Србија минатото лето за да се врати во Интер и да ја преземе улогата на помошник на Киву.



