„Бомба“ од гол во ВМФЛ: Каба од Охрид има „топ“ во ногата (ВИДЕО)

Фудбалерите на Охрид одиграа перфектно прво полувреме против Преспа во кое даде четири погодоци, а на крајот мечот од 25. коло на ВМФЛ го добија со 6-1.

Еден од нив беше вистинска мајсторија на и тоа на дефанзивецот Албнор Каба. Фудбалерот со албанско и македонски државјанство даде супер-гол во 15. минута, откако една одбиена топка од околу 30 метри со „бомба“ ја испрати во мрежата на гостинската екипа. 

Охрид оваа сезона се бори за врвот во ВМФЛ, додека Преспа по ова коло и математички нема шанси за опстанок.