ВИДЕО: „Бомба“ на Блажевски – распука од 30 метри и даде гол од слободен!

Фудбалерите на Вардар стигнаа до предност на гостувањето кај Победа во Прилеп (0-1), во шеснаестинафиналето на Купот на Македонија

По атрактивно прво полувреме со доста шанси, по паузата Дејан Блажевски успеа да направи спектакл. Ветеранот биеше директно од слободен удар, од околу 30 метри во подалечниот агол од голот на прилепчани, неодбранливо за голманот. 

  • Атрактивниот гол на Блажевски во Прилеп:

Натпреварот меѓу Победа и Вардар се игра во одлична атмосфера, пред голем број на гледачи на трибините на стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп.