ВИДЕО: Болоња преку Торино скокна на место кое води во Европа

Екипата на Болоња по тринаесет кола успеа да се најде на местата кои водат во Европа следната сезона, откако во последната средба од оваа рунда го совлада Торино со 2-0 (0-0). Натпреварот на „Ренато Дал'Ара“ го решија Џовани Фабиан и Џошуа Зиркзе, со чии голови Болоња дојде до триумф и ги искористи киксовите на Аталанта и Фиорентина за преземање на шестата позиција. 

  • Болоња - Торино 2-0:

Се играше релативно израмнет натпревар кој можеше да има и поинаков исход. „Биковите“ во првиот дел успеаја да дојдат до гол преку Никола Влашиќ, ама ВАР-собата реагираше и во најмала рака спорно поништи гол поради недозволена позиција. Во продолжението 20-годишникот од Болоња во 56. минута донесе предност од 1-0. Торино се обиде да се врати до егал, ама безуспешно и го впиша петтиот сезонски пораз. Во судиското продолжение потврда на победата за домаќините донесе Џошуа Зиркзе.

Претходно во попладневниот термин ефикасно реми (2-2) одиграа Верона и Лече. Гостинот на „Марк Антонио Бентегоди“ двапати водеше, меѓутоа домашните по пет последователни лигашки порази дојдоа до реми.

  • Верона - Лече 2-2:

Резултатот го отвори Оудин по половина час игра, а пред полувремето Нгонг израмни на 1-1. Во продолжението Гонзалез пак донесе предност, ама конечните 2-2 ги постави Ѓуриќ. Лече е на тринаесеттата позиција со 15 освоени бода, додека Верона со девет бода е претпоследна.

Состави

Винченцо Италиано

4-2-3-1

    Паоло Ваноли

    3-5-2