• Мартин Танасковски
Екипата на Болоња е вториот патник во финалето од Купот на Италија, откако забележа и втора победа над аутјсајдерот Емполи.
Болоња на домашен терен славеше со 2-1 (1-1) и така со вкупни 5-1 се пласира во големото финале по 51 година пауза.
Резултатот го отворија домашните уште во 7. минута кога погоди Фабиан, а потоа за Емполи израмни Коваленко. Во вториот дел, победата дојде во самиот финиш кога во 86. минута погоди Далинга.
- Извештај од натпреварот:
Болоња во финалето на Копа Италија ќе игра против Милан кој претходно го исфрли Интер.