ВИДЕО: Болоња падна по 12 натпревари, Варди-шоу за голема победа на Кремонезе

Екипата на Болоња конечно капитулираше. Во последниот натпревар од 13. коло од Серија А на „Ренато Дал'ара“ огромна победа извојува тимот на Кремонезе, кој на домашната екипа му одржа фудбалска лекција и на крај заслужено славеше со сигурни 1-3.

  • Извештај од натпреварот:

За тимот од Болоња ова беше само трет пораз сезонава во италијанскиот шампионат и само прв по серијата од дванаесет натпревари без неуспех во сите натпреварувања. Свој блесок вечерва против „рособлу“ тимот имаше некогашниот освојувач на Премиер лигата, Џејми Варди. Искусниот англиски напаѓач блесна со два гола и беше најзаслужен за првиот триумф на Кремонезе по трите врзани порази.

Покрај англискиот ветеран во листата на стрелците за гостинскиот тим се запиша Пајеро, кој победи за 1-0, додека почесниот погодок за домаќинот го постигна Орсолини од пенал за 1-2.

По тринаесет одиграни кола Болоња сега е на шестата позиција на табелата со 24 бода, а Кремонезе ја прескокна Аталанта и сега е на единаесеттото место.