• Горан Упале
Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Карвахал во саботата ја повреди потколеницата на левата нога, што ќе го остави надвор од терените околу еден месец, пишуваат тамошните медиуми.
Десниот бек уште на полувреме го заврши натпреварот меѓу неговиот Реал Мадрид и Гранада во саботата, кога беше заменет со Лукас Васкез. Тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по натпреварот, во кој неговиот тим победи со 2-0, изјави дека „се чини дека се работи за ситна повреда“, но дека Карвахал ќе биде прегледан од лекарите в понеделник.
„Дијагностицирана му е повреда на мускулот на потколеницата на левата нога“, соопшти Реал Мадрид по деталните прегледи.
Клубот не прецизираше колку долго дефанзивецот би можел да биде далеку од терените. Медиумите пишуваат дека заздравувањето може да потрае еден месец, па тој би можел да им се приклучи на соиграчите дури во јануари. Клубот од Мадрид моментално има седум повредени играчи (Камавинга, Куртоа, Арда Гулер, Милитао, Модриќ, Чуамени и Винициус).