• Горан Упале

Манчестер Јунајтед минува низ тежок период, а новите повреди само ја отежнуваат ситуацијата.
Од пред неколку седмици повредени се Мејсон Маунт, Рафаел Варан и Лук Шо, викендот им се приклучи Арон Ван-Бисака, а од денес и Хари Мегваер. Тој не е на списокот на играчи кои треба да му се спротистават на Баерн Минхен на отворањето на Лигата на шампионите, па на Тен Хаг во дефанзивата на располагање им се само Лисандро Мартинез, Виктор Линделоф и Џони Еванс. Софијан Амбрабат сè уште е надвор од терените. Новајлијата ќе мора да го почека дебито, па Тен Хаг има проблеми во сите линии од тимот.
Треба да се додаде дека Џејдон Санчо беше прекомандуван во резервниот тим поради недисциплина, а Антони сè уште е под истрага поради обвинувањата дека физички ја малтретирал својата поранешна партнерка. Исто така надвор од терените е и младиот Мајно, кој имаше одлични настапи во претсезонските натпревари.
Натпреварот Баерн - Манчестер Јунајтед е закажан за в среда од 21:00 часот.