ВИДЕО: Боливија недорасната, САД со победа ја отворија Копа Америка

Домаќинот на 47. издание на Копа Америка, селекцијата на Соединетите Американски Држави, со победа го започна турнирот. Просечната селекција на Боливија, водена од селекторот Заго, не беше конкурентна и може да биде задоволна што загуби со само 2-0 (1-0).

Кристијан Пулишиќ од Милан во раната фаза го отвори резултатот и им ја олесни работата на соиграчите. Уште од третата минута Боливијците мораа да го бркаат водството на противникот. Кога сите помислија дека на одмор ќе се замине со 1-0, Фоларин Балогун во 44. мкнута зголеми на 2-0 и ги потопи сите надежи на Боливијците за победа.

Веа и Мекени во вториот дел имаа шанси за трет гол, но беа прекомотни пред противникчкиот гол и резултатот од првиот дел остана и конечен. 

  • Извештај од натпреварот:

Уругвај и Панама ноќва го играат вториот натпревар од првото коло во групата Ц на Копа Америка. 

Состави

Грег Берхалтер

4-3-3

    Oscar Villegas

    5-3-2