Крај на мундијалскиот сон: Боливија и Јамајка ги исфрлија Суринам и Нова Каледонија

Фудбалските репрезентации на Боливија и Јамајка изборија финалиња во интерконтиненталните баражи за Светското првенство. 

Јужноамериканската селекција со 2-1 го доби Суринам на меч кој се одигра во Монтереј. Сите голови паднаа во вториот дел. Суринам поведе преку Ван Гелдерен, меѓутоа Паниагуа и Мигелито донесоа пресврт во завршницата од средбата. Боливија со тоа си обезбеди мундијалски бараж против селекцијата на Ирак. 

Јамајканците го завршија сонот на Нова Каледонија за пласман на Светското првенство со победа од 0-1. Натпреварот во Запопан го реши еден гол во првото полувреме кој беше дело на Кадамартери. 

За мундијалска виза Јамајка ќе се бори со репрезентацијата на ДР Конго.