• Саше Љолес

Репрезентацијата на Боливија има нов селектор. Федерацијата реши да му врачи отказ на Бразилецот Антонио Карлос Заго, а на негово место пристигнува домашниот стратег, Оскар Виљегас.
54-годишниот Виљегас ќе ја преземе репрезентацијата следниот месец, а прв предизвик ќе му биде квалификацискиот меч против Венецуела на 4 септември. Три дена подоцна, Боливија ќе се сретне со Чиле и ќе ја продолжи мисијата за евентуален пласман на Светското првенство во 2026 година.
По шест одиграни натпревари, Боливија е на деветтата позиција во квалификациите, со биланс од пет порази и само една победа. На Мундијалот учество ќе обезбедат првите шест селекции.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.