Бока купува ѕвезда во нападот: Жињак, Икарди, Каиседо, Љоренте...

Јужноамериканскиот вицешампион и по интернационални трофеи еден од трите најтрофејни светски клубови, Бока Јуниорс, не се шегува со познати имиња за засилувања ова лето. По доведувањето на Даниеле Де Роси и Едуардо Салвио, спортскиот директор Николас Бурдизо работи на доведување на напаѓач кој ќе го замени Дарио Бенедето, кој пред неколку дена потпиша за Олимпик Марсеј.

Најреална опција е доведување на Французинот Жињак, кој пред неколку дена стана најдобар стрелец во историјата на Тигрес и не крие дека сака да се испроба и во Аргентина. Нереална опција е доведување на Мауро Икарди, кој е во милост и немилост на Интер, но многу веројатно ќе остане во Европа.

Еквадорецот Фелипе Каиседо, кој минатата сезона настапуваше за Лацио, делува како најефина солуција, а желбa e уште и шпанскиот ветеран Фернандо Љоренте, кој по завршувањето на договорот со европскиот вицешампион Тотенхем, сега е слободен фудбалер.

Целта на Бока со новиот тренер Алфаро, кој го наследи Скелото по финалето на Копа Либертадорес, е враќањето на најголемата континентална титула. Бока е четврфиналист и ако продолжи да победува лесно може да се соочи со Ривер во хипотетичко полуфинале.