Бојовиќ: Додека постојат шанси Вардар ќе се бори за титулата!

Во отсуство на Александар Васоски, кој беше на трибините заради казна, Вардар на денешниот натпревар против Победа го водеше некогашниот капитен Раденко Бојовиќ.

По натпреварот изјави дека Вардар не бил на нивото во првиот дел, додека во второто полувреме недостасувал само погодок за бодовите да стигнат во главниот град.

„Првото полувреме не го одигравме на нашето потребно ниво и` и дозволивме на Победа да направи неколку добри прилики за погодок. Во вториот дел повеќе ја имавме топката во нозете и успеавме да направиме прилики, но не и да постигнеме погодок. Имаме малку време за анализа на нашите грешки и да се поправиме за следниот меч кој ни следи. Се додека постојат шанси ние ќе се бориме за титулата и нема да се предаваме“, изјави Бојовиќ.

Во следното коло фудбалерите на Вардар ќе го играат дербито против тимот на Академија Пандев, а Бојовиќ пак ќе ја води екипата во отсуство на Васоски.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 1 0 0 2:0 2 3
1 ШкупиШкупи 1 1 0 0 2:0 2 3
3 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 1 0 0 2:1 1 3
4 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 1 0 0 1:0 1 3
4 РеноваРенова 1 1 0 0 1:0 1 3
6 РаботничкиРаботнички 1 0 0 1 1:2 -1 0
7 ШкендијаШкендија 1 0 0 1 0:1 -1 0
7 СилексСилекс 1 0 0 1 0:1 -1 0
9 БорецБорец 1 0 0 1 0:2 -2 0
9 ВардарВардар 1 0 0 1 0:2 -2 0