ВИДЕО: Боје го замолкна Сосиедад во 97. минута и донесе голем бод за Алавес!

Фудбалерите на Реал Сосиедад пропуштија можност да се вмешаат во позиците кои водат во Европа, откако ремизираа со Алавес (3-3) во натпреварот од 31. коло на шпанската Примера. 

  • Извештај од натпреварот:

Првото полувреме понуди дури четири погодоци, гостите на двапати имаа минимално водство, но Сосиедад се враќаше со головите на Лука Сучич и автоголот на Антонио Сивера. 

Во второто полувреме, домаќинот заигра многу подобро и создаде повеќе шанси, а една од нив искористи Ори Оскарсон, кој биеше за 3-2 во 60. минута. Се обиде Алавес да се избори барем за еден бод и притисна со сите сили. Во прилог им одеше и црвениот картон на Серхио Гомез во судиското надополнување, а круната на трудот дојде во 97. минута, кога Аргентинецот Лукас Боје биеше од ивицата на шеснаесетникот, совладувајќи го домашниот голман Ремиро. 

Алавес на чудесен начин се избори за важен бод во битката за опстанок, а во следното коло ќе се има пеколно тешко гостување на „Сантијаго Бернабеу“ кај Реал Мадрид. Реал Сосиедад сега има 42 бода, два помалку од шестопласираната Селта Виго.