Бојан Захариев нов тренер на Тетекс, претставени првите засилувања

По неколкуте заминувања, раководството на македонскиот второлигаш Тетекс ги претстави првите засилувања на тимот за следната сезона.

За нов шеф на стручниот штаб е назначен Бојан Захариев. Нему ќе му асистираат Даниел Радевски и Костадин Ацески. За тренер на голманите е именуван Миле Спироски, а клубот договори и пет фудбалери. Нови членови на тетовскиот тим се Александар Анѓелковски, Дарио Јовановски, Ненад Тодоровски, Далибор Костовски и Јусуф Алиу.

Исто така, денес беше продолжена соработката со искусниот стопер Драко Дигаловски, како и со младите фудбалери Никола Сраевски и Виктор Јовановски, 

Тетекс пред две седмици доби и ново раководството. За претседател е назначен Мирче Блажески, а потпретседателските функции ќе ги извршуваат Стојмир Урошевиќ и Борче Мирчевски.