Бојан Најденов се раздели со албански Лачи

Македонскиот интернационалец Бојан Најденов ќе бара нов клуб, затоа што се раздели со албанскиот прволигаш Лачи.

Најденов, кој има 27 години и настапува во средниот ред, си замина од Албанија пет недели пред крајот на актуелната сезона. Двете страни спогодбено го раскинаа договорот, наводно, поради нова ненадејна повреда на македонскиот фудбалер.

Бојан Најденов пристигна во Лачи во месец август, од Иран, каде го носеше дресот на Ештегал. Претходно, тој настапуваше уште и во Египет, каде го носеше дресот на Шмуха, а беше дел и од Хоризонт Турново и Работнички.