• Мартин Танасковски
Македонскиот интернационалец Бојан Најденов има нов клуб во Европа и потпиша во Црна Гора каде ќе го носи дресот на Искра.
27-годишниот играч од средниот ред доаѓа во Искра која има амбиции до крајот на сезоната да обезбеди место во еврокуповите. Најденов во Црна Гора доаѓа од Узбекистан каде настапуваше за Навбахор.
Најденов, кој има и четири настапи за сениорскиот тим на Македонија, играше уште и за Вардар, Работнички и Турново во Македонија, како и за албански Лачи, ирански Ештегал и египетска Смоуха.