Бојан Најденов на проба во полска Корона

Бојан Најденов, повремениот македонски фудбалски репрезентативец е на проба во редовите на полскиот прволигаш Корона.

26-годишниот фудбалер во редовите на полскиот тим доаѓа на тестови како слободен. Последен пат тој настапуваше во Египет каде го носеше дресот на Смуха, но реши да ја напушти средината.

Од таборот на Корона во наредниот период ќе одлучат дали ќе го задржат Најденов или ќе го ослободат да бара нов клуб.