ВИДЕО: Бојан Миовски со прв хет-трик за „полицајците“ од Глазгов!

Македонскиот центарфор Бојан Миовски беше играч на мечот во дресот на Глазгов Ренџерс, во победата над Анан во Купот на Шкотска (5-0).

Миовски го даде првиот хет-трик во дресот на „полицајците“. Два гола паднаа во првото полувреме, а потоа дојде и уште еден од пенал, тоа беше за 4-0 во второто полувреме. Уште два гола за Ренџерс постигнаа Доуел и Асгард.

Ренџерс со победата се пласира во осминафиналето на Купот на Шкотска.