• Мартин Танасковски
Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра одлично за Абердин и со неговите партии во Шкотска се препорача во англиската Премиер лига.
Развојот на шпицот го следи англискиот премиерлигаш Саутемптон. „Светците“ се сериозно заинтересирани во тимот да го видат Миовски кој има 15 гола во шкотскиот шампионат, или вкупно 17 за Абердин.
Абердин го доби Миовски од унгарски МТК, а играчот досега ги оправда сите очекувања и нема да е изненадување ако направи трансфер по крајот на сезоната во некоја од најдобрите лиги во Европа.
Претходно, за Миовски се интересираше и француски Ремс.