• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Бојан Миовски имаше феноменален настап за Абердин под водство на новиот тренер и постигна два гола во триумфот над Мадервел (3-1) и тоа му донесе признанија.
Репрезентативецот се најде во тимот на колото во Шкотска. Истовремено, Миовски го понесе и епитетот играч на колото во најквалитетното натпреварување во островската земја.
Тимот на колото е објавен на интернет-страницата на натпреварувањето во Шкотска.