ВИДЕО: Бојан Миовски пак стрела, даде атрактивен лоб за Абердин!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски игра во одлична форма во Шкотска и постигна нов гол за неговиот клуб Абердин.

На натпреварот против Мадервел, Миовски се запиша во листата на стрелците уште во 4. минута. Даде атрактивен лоб, а иако го проверуваа неговиот погодок со ВАР, сепак, беше признат и Абердин дојде до рана предност.

  • Голот на Миовски против Мадервел:

За македонскиот фудбалер ова е осми гол во шкотската Премиер лига сезонава.