• Мартин Танасковски

Слично како и англискиот, така и шкотскиот и северноирскиот фудбал нема да се игра овој викенд, во знак на почит кон починатата Кралица на Обединетото Кралство, Елизабета Втора.
Елизабета Втора беше на чело на англиската морнахија цели 70 години, поради што важеше за најдолговечниот монарх. Почина на 96-годишна возраст.
Премиерлигашите ги откажаа натпреварите до понеделник, а истиот чекор го преземаа и Шкотите и фудбалските клубови од Северна Ирска.
Тоа значи дека Бојан Миовски со неговиот Абердин нема да истрча на терен против великанот Ренџерс, слично е и со Дарко Чурлинов кој со Барнли требаше да игра против Норич Сити во рамки на Чемпионшип.