Бојан Миовски ја доби „деветката“ во Абердин

Миовски

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски од новата сезона ќе игра во редовите на Абердин.

Нашиот интернационалец ќе го носи дресот со број девет. Фановите сметаат дека овој потег на клубот значи дека Кристијан Рамирез ќе замине ова лето.

23-годишникот пристигна во шкотскиот тим од МТК Будимпешта. Таму играше две години, а претходно настапуваше за Македонија ЃП, Ренова, Работнички и Брегалница Штип.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.