• Мартин Танасковски
Македонскиот центарфор Бојан Миовски го постигна првиот гол во дресот на Глазгов Ренџерс, во рамки на шкотскиот Лига Куп.
Во рамки на четвртфиналето, „полицајците“ играат со Хибернијан. Штипјанецот даде гол пред паузата, за водство од 2-0, откако се најде на вистинско место во казнениот простор по една одбиена топка.
Ова е одлична новина за Миовски, кој се врати во шкотскиот фудбал по авантурата во шпанска Џирона.


