ВИДЕО: Бојан Миовски го даде 15-тиот гол за Абердин во Шкотска!

Македонскиот напаѓач Бојан Миовски постигна нов погодок во дресот на Абердин во шкотската Премиер лига.

Центарфорот погоди во 44. минута, на натпреварот против Ливингстон на домашен терен. Миовски налета на една топка од десната страна и со волеј удар го погоди горниот дел од голот на гостите.

  • Погодокот на Бојан Миовски против Ливингстон:

За Бојан Миовски ова беше петнаесетти гол во дресот на Абердин сезонава и тој е еден од најдобрите стрелци во шкотската Премиер лига.