Бојан Миовски е нов играч на Ренова

Екипата на Ренова договори ново име во своите редови за пролетниот дел од сезоната и успеа да потпише договор со Бојан Миовски.

Младиот 19-годишен офанзивен фудбалер за врска беше дел од Македонија Ѓорче Петров, но откако не ја доби вистинската шанса, реши да бара нова средина. Се пресели во таборот на „гипсарите“, кои се водени од Никола Илиевски - Џиџи.

Миовски во Ренова ќе игра во наредните шест месеци. Напаѓачот кој знае да игра и како крило во Македонија ЃП пристигна од Работнички, а во минатото настапуваше и за азербејџански Карабах и штипска Брегалница.

Ренова е пред официјализација и на транферот на Бурхан Мустафов, кој доаѓа од прилепска Победа.