• Мартин Танасковски
Албанскиот фудбалски клуб Тирана официјално го засили својот стручен штаб со македонскиот тренер Бојан Маркоски, кој ќе ја извршува функцијата помошник-тренер во новата сезона.
Маркоски зад себе има богато меѓународно искуство и во досегашната кариера беше дел од стручните штабови на Етникос Ахна од Кипар, АЕЛ Лимасол, како и на македонскиот Работнички. Покрај улогата асистент, тој имаше можност да го предводи Работнички и како прв тренер.
Со доаѓањето во Тирана, Маркоски повторно ќе соработува со хрватскиот стратег Дин Клафуриќ, со кого веќе работеше во минатото. Нивната повторна соработка треба да биде значајно засилување за стручниот штаб на албанскиот клуб.
