Бојан Маркоски доби добредојде во кипарскиот шампионат

Екипата на Енозис Паралимни официјално ја започна новата етапа во својата клупска историја, откако за нов шеф на стручниот штаб беше именуван македонскиот фудбалски тренер Бојан Маркоски.

Кипарскиот клуб се реши за добро познато име, човек кој одлично ја познава тамошната фудбалска сцена, но и менталитетот на клубот. Маркоски не е ново лице за Енозис. Тој има силна и длабока врска со клубот, каде што како фудбалер мина три сезони.

Поранешниот македонски репрезентативец зад себе има разновидна играчка кариера. Освен Енозис Паралимни, настапуваше и за неколку други кипарски клубови како Аполон, Агиа Напа, Отелос и Етникос Ахна, со што стекна драгоцено искуство во тамошниот шампионат.

Во Македонија беше дел од Вардар и Работнички, додека на српската сцена настапуваше за ОФК Београд и Бежанија. Како тренер последен пат Маркоски беше во екипата на Работнички, а има искуство и на Кипар каде беше дел од Етникос Ахна и АЕЛ Лимасол како помошник.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.