• Мартин Танасковски

Струга Трим Лум официјално потврди дека Бојан Илиевски повеќе нема да биде дел од тимот за следната сезона.
По истекот на договорот, двете страни одлучија да не ја продолжат соработката, а од клубот истакнаа дека во иднина ќе се насочат кон поголема афирмација на младите фудбалери и сопствените таленти.
Илиевски беше дел од струшкиот состав во последните две натпреварувачки сезони, период во кој запиша вкупно 69 настапи во сите конкуренции, а воедно се афирмира и како репрезентативец на Македонија.
Покрај големата посветеност на теренот, тој успеа да постигне три погодоци и да забележи пет асистенции во дресот на актуелниот македонски прволигаш. За Илиевски има интерес од странство, од Хрватска, каде голема е веројатноста да ја продолжи кариерата.

