• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски е на чекор до нов ангажман во Србија, откако минатата сезона ја заврши како позајмен играч во белградски Партизан. „Црно-белите“ не ја искористија опцијата за откуп на неговиот договор од рускиот клуб Акрон Тољати, но според информациите на „Моцарт Спорт“, левиот бек ќе продолжи да игра во српскиот шампионат.
ТСЦ Бачка Топола е клубот кој се очекува да го доведе 23-годишниот македонски фудбалер. Српскиот тим, кој во последните години бележи константен подем и настапи на европската сцена, наводно е подготвен да плати околу 100.000 евра за целосен откуп на неговиот договор од Акрон Тољати.
Димоски во дресот на Партизан минатата пролет одигра само четири натпревари, откако пристигна како позајмен фудбалер со можност за траен трансфер. Иако не доби голема минутажа во белградскиот клуб, младиот дефанзивец остави впечаток како играч со сериозен потенцијал и дисциплина во дефанзивната линија и тоа му носи нов клуб во Суперлигата.
Кариерата на Димоски тргна нагоре во 2023 година кога замина од италијанскиот Брера и потпиша договор со Акрон Тољати. Но, по кратката епизода во Русија и непостојаната минутажа, трансферот во Србија може да му отвори ново поглавје и стабилност во кариерата.
Инаку, Бојан Димоски е стандарден член на македонската фудбалска репрезентација и досега има забележано 20 настапи со националниот дрес. Трансферот во ТСЦ би можел да биде вистинска можност за него да ја врати формата
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.



