ВИДЕО: Бохум опиен од триумфот во Минхен лесно загуби од Ајнтрахт

Бохум имаше идеална увертира за денешниот натпревар со Ајнтрахт минатиот викенд, кога приреди сензација во Минхен, победувајќи го Баерн псо 2-3. Оваа победа беше најдобриот можен повик за навивачите, но денес фудбалерите на Бохум ги разочараа своите приврзаници со поразот на домашен терен од Ајнтрахт.

Гостите од Франкфурт победија со 1-3 и со тоа ја прекинаа серијата од три порази. Клучниот период на натпреварот се случи од 27. до 32. минута, кога Кристенсен и Бахоја погодија за водство на Ајнтрахт од 0-2. Холтман ја преполови разликата во 73. минута и ја врати надежта кај домашните, но Батчуаји стави точка на овој натпревар со голот во шестата минута од судиското надополнување за конечни 1-3 во корист на гостинскиот тим.

  • Извештај од натпреварот:

Со овој триумф Ајнтрахт се искачи на четвртото место со 45 бода, додека Бохум остана во опасната зона, на шеснаесеттото место со 20 бода.